Početna / Makedonija 3 / Текстилната фабрика „МАКПРИМАТ“ на милост и немилост препушти 50 вработени

Текстилната фабрика „МАКПРИМАТ“ на милост и немилост препушти 50 вработени

Позната фабрика за текстилна индустрија препушти на милост и немилост повеќе од 50 вработени во Скопската населба Кисела Вода.

Имено, се работи за фабрика со вработени на кои што без никакво објаснување им биле поделени отказни решенија кои биле изготвени „набрзина“ и исто така поделени меѓу вработените.

Истите тие вработени се отпуштени и испратени дома без да им бидат исплатени надомести за дотогашниот труд.

Револтирани работници се обратија до нашата редакција и замолија да го обелодениме овој скандал, а упатија и апел до надлежните институции да превземат соодветни дејствија за расветлување на иднината на работниците чии плати талкаат во туѓи џебови.

Работниците се на присилен домашен „одмор“ од 16-ти месецов, за што велат дека им било кажано само да останат дома, без никакво објаснување и образложение.

Се работи за фирмата „МАК-ПРИМАТ“

Check Also

Сопственикот на „МАКПРИМАТ“ плива во богатство додека работниците ги остави на улица

До нашата редакција пристигна писмо кое ни го испраќа работник кој е директно инволвиран во …

x Close

Lajkujte našu Facebook stranicu