Početna / Makedonija 3 / Павловски: Жителите на Ранковце разочарани од робовладеењето на Тошевски

Павловски: Жителите на Ранковце разочарани од робовладеењето на Тошевски

Претседателот на ОК Ранковце на ВМРО-ДПМНЕ, Даниел Павловски оддржа прес – конференција.

Тој низ призма на повеќе факти и образложенија го долови неработењето и немањето визија за напредок на Ранковце од страна на Тошевски.

-Почитувани, зад нас одмина доволно време за да денес се свртиме и и погледнеме на реалноста во очи, да ги пофалиме делата и со конструктивна критика да ги подобриме идните проекти, НО ЗА ЖАЛ, НИТУ ИМА ШТО ДА ПОФАЛИМЕ, НИТУ ШТО ДА ПОТПОМОГНЕМЕ, а реалноста е и повеќе од очајна. Жителите на Ранковце се сведоци на невидливите дела на Тошевски. Ќе се запрашате зошто невидливи… затоа што дела НЕМА, а оние малку кои се споведени, насочени се кон личните интереси на Тошевски далеку од очите на јавноста, изјави Павловски.

-Тажно е кога наместо насмеани лица ќе видите зацрнета вистина која е производ на неделата на Тошевски. Тажно е кога наместо асфалтирани улици ќе видите дебело посипани приватни дворови со гребен асфалт за кој Тошевски дебело наплатил под рака, а најтажно од се е кога жителите на Ранковце ќе ги отворат своите паричници, и се што ќе сретнат се само празни и заледени погледи, вклучувајќи ги и празните паричници, подвлекува тој.

Во продолжение погледнете го видеото од прес – конференцијата на Павловски.

Check Also

Вчера Тошевски покажа дека тој ги тегне конците онаму каде што не би смеел, па и во сообраќајот

Вчерашна случка ги изненади и разочара жителите на Крива Паланка, а бидејќи лошите вести брзо …

x Close

Lajkujte našu Facebook stranicu