Početna / Makedonija 3 / Личното профитирање пред приоритетот на граѓаните: Тошевски тампонира улици на кои што живее едно лице

Личното профитирање пред приоритетот на граѓаните: Тошевски тампонира улици на кои што живее едно лице

Жителите на Ранковце се згрозени пред фактите кои им ја урнисуваат и последната надеж за напредок во општината.

Девијантното однесување на Тошевски говори за неспособноста на ова раководство кое што поскоро мора да со замине, и од кое граѓаните претрпуваат огромно уназадување и штети.

Имено, Тошевски ја користи секоја прилика за да профитира и да ги полни приватните сметки, додека граѓаните во Ранковце газат кал и мака мачат во зимски услови за да се спојат со останатиот дел од населението.

Во моментот се врши гребење на асфалтна подлога од магистралата која ги поврзува Ранковце и Бугарија, а асфалтот завршува како насип на улици од кои имаат корист едно или две лица, кои пак, на Тошевски му ветуваат гласови во иднина или му плаќаат одредена сума под рака.

Жителите на Ранковце се надеваат дека оваа неспособна Влада барем еднаш ќе застане зад законот и ќе ги испита случајот и релевантноста на целиот проект.

Check Also

Павловски: Жителите на Ранковце разочарани од робовладеењето на Тошевски

Претседателот на ОК Ранковце на ВМРО-ДПМНЕ, Даниел Павловски оддржа прес – конференција. Тој низ призма …

x Close

Lajkujte našu Facebook stranicu