Неодамна во етерот на музичката сцена по кратка пауза повторно заеднички се појави целиот тим на „Болеро бенд“ и објави новокомпонирана песна во негова изведба заедно со изведувачот Кристијан Божинов.Како што дознаваме, автори на ова музичко парче се тандемот Александар Тасевски и Александар Стевановски. Композиторската палка за создавање на музиката му припаѓа на пејачот од „Балкан бенд“ Александар Тасевски, а текстот е напишан од Александар Стевановски.
Песната полека, но сигурно го освојува патот до својата публика, и веќе се врти низ медиумите меѓу кои се наоѓа и телевизијата со национална концесија Сител.
Кико и момците од бендот велат дека станува збор за прекрасна Македонска песна со милозвучен текст кој ја опишува носталгијата за куќниот праг, и печалбата во прекуокеанските земји. Исто така велат дека се задоволни од целиот проект на кој работеше тимот, и се среќни што се повеќе на фолк сцената се промовираат наши песни кои не се со увозни ноти и примеси.
Во продолжение слушнете ја „Пусти да се пари проклети“.