Početna / Makedonija 3 / Граѓаните поднесоа кривична пријава против командирот на П.С – Крива Паланка: Има ли крај на овие скандали?

Граѓаните поднесоа кривична пријава против командирот на П.С – Крива Паланка: Има ли крај на овие скандали?

Кривична пријавa поднесена од граѓаните за Командир, кој е под условна пресуда.

Постои ли крај на скандалите во МВР??? По неодамнешното јавно обелоденување во медиумите и порталите дека на чело на ПС Крива Паланка од страна на министерот Оливер Спасовски и локалната власт е назначено лицето Дејан Маринковски – Шарен Револуционер и партиски послушник со две правосилни пресуди за кривични дела поврзани со злоупотреба на службената положба и овластување за кој дисциплински е гонет со потврдено решение, и од судот дека е виновен за дисциплинскиот прекршок и во моментот е на условната Казна од 1 година.

Скандалот да биде уште поголем е фактот што од страна на Министерот и локалната власт лицето го поставуваат на позицијата од полицаец без компетентност директно на позиција Командир во момент додека против него се воделе дисциплинксата и судската постапка за злоупотреба на својата службена положба и несовесно работење.

Поради сето ова не стивнуваат рекациите на граѓаните кои се загрижени за нивната безбедност, бидејќи на улиците владее селектвиност во изречување на казни во сообраќајот, како за пример изречените 1200 казни за неполна година по директни наредби од Командирот.

До нас стигнаа информации за други скандали поврзани со него и притоа наместо да биде веднаш разрешен, на истиот му се дадени дополнителни овластувања да ја командува полициската станица во која се изготуваат и примаат информации со класифицирана содржина, а командирот за такво нешто не исполнува услови, односно не поседувал Безбедносен Сертификат кој согласно Законските Прописи не може да им биде даден на лица кои се осудени или имаат нарушена Здраствена Состојба.

Според анонимниот извор кој ги достави податоците до нашиот портал, Командирот не ги исполнува ниту двата критериуми, односно за осуденоста постои доказ, а за здраствената состојба треба некој сериозно да се заинтересира. Во информациите кој се пристигнати е доставена и Кривична Пријава против Командирот која во целост ја обеледеноуваме и објавуваме. Следни да постапат според Законите се Министерот и Јавното Обвинителство и да се вклучат во случајот и со тоа да докажат дека Судството не е заробено, како што се милува да се каже.

Во прилог го доставуваме и документот кој ја потврдува кривичната пријава против Командирот.

Check Also

Сопственикот на „МАКПРИМАТ“ плива во богатство додека работниците ги остави на улица

До нашата редакција пристигна писмо кое ни го испраќа работник кој е директно инволвиран во …

x Close

Lajkujte našu Facebook stranicu