Početna / Makedonija 3 / Го испрати на испомош, па го удри багер: Тошевски заташкува тежок инцидент во Ранковце!

Го испрати на испомош, па го удри багер: Тошевски заташкува тежок инцидент во Ранковце!

Image result for ивица тошевски

Со брзина на светлината се прошири веста за повреден работник во општина Ранковце.

Имено, се работи за инцидент кој се случил вчера при изградба на локален пат, каде што градоначалникот Тошевски на свој вработен во општината му наредил да го напушти работното место и да се упати кон местото каде што се случила несреќата, со цел да ја надбљудува работата.

Според дојавата, Тошевски свесно го прекршил работниот кодекс на вработениот, на начин што му наредил да ја остави работата во општината и да го надгледува багерот кој што работел на патот.

Во еден момент, додека повредениот седел на дрвен труп, корпата од багерот се откачила и паднала врз неговата нога, по што му скинала мускул и лигаменти.

Веднаш за ова бил известен и Тошевски, кој, според првичните информации лично, со автомобил го однел повредениот на итна помош во Крива Паланка.

Поради сериозноста на повредите тој е префрлен во кумановската болница, а Тошевски вложува силни напори искористувајќи ги сите можни контакти за да го „заташка“ случајот и да ја сокрие вистината.

По закон, итната помош при ваква повреда мора да изготви записник и да ја извести полицијата која што треба да излезе на увид на лице место.

Од дојавувачот дознаваме дека екипата на итната помош по наредба на Тошевски одбила да го пријави случајот во полицијата, а со тоа не постои записник и од лице местото на настанот, каде што сведоците би дале свој исказ, со што, по автоматизам се губат трагите од инцидентот, а со тоа Тошевски сокрива вина и поминува несанкционирано.

Граѓаните во Ранковце се згрозени од злоупотребата која ја врши Тошевски, и во страв прашуваат дали надлежните институции ќе излезат на терен и ќе преземат било какви мерки против ова незаконие и тероризирање врз вработените, на кои работното место им е во општината, а не покрај багер.

Check Also

Atraktivna Makedonka je Instagram zvezda: Sada vodi i uspesnu emisiju (VIDEO)

Vazi za jednu od najatraktivnijih Makedonki, i nju prati velika masa ljudi na drustvenim mrezama, …

x Close

Lajkujte našu Facebook stranicu