Početna / Makedonija 3 / Вчера Тошевски покажа дека тој ги тегне конците онаму каде што не би смеел, па и во сообраќајот

Вчера Тошевски покажа дека тој ги тегне конците онаму каде што не би смеел, па и во сообраќајот

Вчерашна случка ги изненади и разочара жителите на Крива Паланка, а бидејќи лошите вести брзо се шират, огорченост чувствуваат и жителите на Ранковце, чиј градоначалник е токму Тошевски.

Имено, во текот на вчерашниот ден тој со возилото се паркирал непрописно на фреквентна локација каде што полицијата наместо да му напише казна, одлучила да го одминува постојано до оној момент кога тој не си заминал откако ги завршил обврските поради кои дошол.

Оваа недоветност заедно со селективноста помеѓу моќниците и обичните смртници полицијата ја практикува по директива на актуелниот командир на Крива Паланка, кој одлучува пред кого полицијата ќе замижи, а кај кого ќе наплати и за оној, пред кој замижала, како што е во случајов Тошевски.

Обичните граѓани плаќаат сообраќајни казни за далеку поблаги прекршоци од овој на Тошевски, а може да се каже и дека постојат ситуации каде што граѓани плаќале казни на правдина, само затоа што на некој така му се ќејфнало.

Тошевски е оној кој би требало да ги рефлектира угледноста и благонаклонетоста во секојдневието па и во сообраќајот, но тој благонаклонетост има само кон насилието, манипулациите, притисоците, одмаздољубието и неажурноста во секој поглед.

Граѓаните прашуваат дали и за него важат истите закони, или како поранешен полициски службеник ужива привилеги, меѓу кои се и избегнувањето на глоби пред очите на граѓаните, додека членови на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно „заработуваат“ казни само поради противништвото во политиката и ставовите. Упатија и потпрашање за командирот, кое гласи, до кога истиот ќе толерира вакви прекршоци од челници и насилници на СДС?

Check Also

Atraktivna Makedonka je Instagram zvezda: Sada vodi i uspesnu emisiju (VIDEO)

Vazi za jednu od najatraktivnijih Makedonki, i nju prati velika masa ljudi na drustvenim mrezama, …

x Close

Lajkujte našu Facebook stranicu